Search

Спасовски: Треба да бидеме горди што сме дел од семејството на најмоќниот безбедносен воен и политички сојуз

Република Северна Македонија од конзумент стана гарант и извозник на безбедноста. Голем е тој пресврт. Тоа е достигнување достојно за влогот на сите претходни генерации граѓани на нашата земја кои искрено се вградија во овој процес. Тоа е достигнување вредно за сите идни генерации и тоа е нашиот влог за иднината на нашата земја, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

– За нас е многу важно членството во НАТО алијансата. Среќен сум што многу брзо дојде моментот кога ќе ја видиме важноста од членувањето во НАТО, бидејќи кога станавме членка некако како имагинарно нешто гледавме на тоа. Ефекти врз безбедноста имаат агресијата на Русија врз Украина, секако во регионот сите случувања кои што се поттикнати од политичките односи итн., кои што можат да бидат сериозна индикација за нарушување на безбедноста, а можат да влијаат и врз Република Северна Македонија, објави Спасовски.

Три години од ратификацијата во македонското Собрание на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, напиша на фејсбук Спасовски, треба да бидеме горди што сме дел од семејството на најмоќниот безбедносен воен и политички сојуз, што претставува синоним и за највисоките демократски вредности.

Треба да знаете
Последни објави