Search

Се отвори земјата по земјотресот во Турција

Како резултат на разорните земјотреси што во понеделникот го погодија југот на Турција, се појави голема пукнатина во земјата во Алтинозу, провинцијата Хатај, јавува Анадолија. Пукнатина која достигнува висина од повеќе од десет метри подели плантажа со маслинки во близина на Хатај.

Најмалку 20.665 луѓе загинаа, а 80.088 се спасени по двата силни земјотреси што во понеделникот ја потресоа јужна Турција, потврди Управата за вонредни ситуации (АФАД).

АФАД соопшти дека по двата разорни земјотреси во Кахраманмарас, биле регистрирани 1.666 последователни потреси.

86.754 лица се евакуирани од подрачјата погодени од земјотресот во други делови на земјата.

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ги погодија во понеделник јужните делови на Турција со епицентар во Кахраманмарас.

Треба да знаете
Последни објави