Search

Детенце од Украина остави цртеж со порака на сочувство пред Турската амбасада

Бариш Тантекин, амбасадорот на Туркије во литванскиот главен град Вилнус, за Анадолу изјави дека Литванија е важен пријател и НАТО-сојузник на Туркије од Балтикот.

Истакнувајќи дека добиле голема солидарност и поддршка по земјотресите што се случија во Туркије, Тантекин рече дека голем број луѓе оставаат пораки со сочувство и цвеќе пред турската Амбасада:

„Од првиот ден, нашиот азербејџански амбасадор, нашите пријатели таму, Татарите од Литванија, дојдоа пред нашата Амбасада и оставија пораки со сочувство и цвеќе пред нашиот главен влез. Во Вилнус моментално живеат голем број Украинци. Едно детенце од Украина изработило цртеж со нашето знаме, на кое на турски јазик напишало „сочувство“ и ни го донесе пред Амбасадата.“

Посочувајќи дека во Литванија се спроведуваат голем број кампањи за помош и поддршка на Туркије, Татекин рече: „Донации се собираат во Центарот за исламска култура и образование во Вилнус, Џамијата „Каунас“, Верското здружение во Клајпеда и во магацини за логистика на нашите деловни луѓе овде. Црвениот крст на Литванија започна со кампања за собирање донации.“

Треба да знаете
Последни објави