(Видео) Милвоки го победи Лејкерс без Леброн, Денвер загуби во Орландо

Утринава беа одиграни само четири натпревари во кошаркарската НБА лига, во кои само Лос Анџелес Лејкерс ги разочара своите навивачи на домашен терен. Милвоки славеше на гостувањето против Лејкерс во Лос Анџелес со 115:106. Адетокумбо со 38 поени и 10 скокови го предводеше Милвоки до победа против Лејкерс во Лос Анџелес. Поради повреда овој меч го прескокна Леброн Џејмс. Кај Лејкерс се истакнаа Шрудер со 25 поени и 12 асистенции и Ентони Дејвис со 23 поени и 16 скокови.

Лидерот Денвер доживеа неочекуван пораз на гостувањето кај Орландо кој е еден од послабите состави во лигата, домаќините победија со 115:104. Двајца кошаркари на Денвер имаа дабл-дабл учиноци, но Орландо со тимска игра дојде до победата. Најдобар во составот на Денвер беше Гордон со 37 поени и 13 скокови, Јокиќ имаше 29 поени и 12 скокови. Најефикасен кај Орландо беше Картер со 19 поени

https://youtu.be/3QAG155rFiI

Резултати: Орландо – Денвер 115-104, Атланта – Феникс 116-107, Бруклин – Чикаго 116-105, ЛА Лејкерс – Милвоки 106-115

Треба да знаете
Последни објави