Search

Хуманост на дело: Собрани 10 милиони денари во Црвен крст за настраданите во Турција 

Граѓаните на Македонија заклучно со вчера донирале 3.363.800 денари преку телефонските линии, а во Фондот на солидарност на Црвен крст на РСМ се уплатени вкупно 6.467.192 денари како помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Туркије и во Сирија.

Вкупно се собрани 9.830.992 денари. Црвениот крст на Македонија од своите стокови резерви издвои 1.000 семејни пакети со храна, 1.500 хигиенски пакети и 4.000 ќебиња.

Со Амбасадата на Република Турција договорено е во наредниот период активностите да бидат насочени кон собирање хуманитарна помош во пари. Ги поддржуваме напорите и активностите кои се однесуваат на донирање материјална помош од фирмите. Помалите донации и иницијативи на граѓаните добро е да се пренасочат во собирање пари, наместо материјални добра, бидејќи царинските ограничувања не овозможуваат дотур на таква хуманитарна помош. Собраните пари по завршување на кампањата ќе бидат префрлени на Турската Црвена полумесечина и на Сириската Арапска Црвена полумесечина кои знаат како на најдобар начин може да се покријат хуманитарните потреби на нивните сограѓани – рече генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ д-р Саит Саити.

Амбасадорот на Република Турција во Скопје Хасан Мехмет Секизќок денеска на прес конференција изрази голема благодарност до сите граѓани на Македонија за несебичната хуманоста и солидарноста кои ја покажуваат.

Треба да знаете
Последни објави