Search

Халкбанк ќе донира 500.000 евра за настраданите во земјотресот во Турција

Халкбанк АД Скопје донесе одлука да донира 500.000 евра за настраданите од катастрофалниот земјотрес што го погоди централното подрачје на Кахраманмараш-Пазарџик во Туркије.

-Во овие 11 години колку што постои како бренд и се развива во Македонија, Халкбанк АД Скопје целокупниот профит сразмерно го распределува за реинвестирање, за грижа за вработените и за инвестирање во проекти од општествена одговорност во земјата. Овој пат е време да ја покажеме нашата хуманост и кон народот на Република Туркије каде што делува и нашата матична банка, а кој деновиве се соочува со неизмерно тешка ситуација. Важни се луѓето, велат од банката.

Треба да знаете
Последни објави