Search

По шест години, кошаркарките победија, и тоа на гости против БиХ

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија успеа да направи пријатно изненадување и оствари победа (66:68) над БиХ во квалификациите за ЕП 2023. Тоа е прва победа за кошаркарките по цели шест години и 19 порази во низа.

Селекцијата на Ашаданов се наметна во меч со мал број поени и речиси постојано беше во водство.

На полувреме Македонија имаше четири поени предност (26:30), а пред последниот период имаше шест позитива (43:49).

Последната минута беше неверојатно драматична, на 36 секунди пред крајот резултатот гласеше 66:66. Милица Николиќ ги постигна победничките поени за 66:68, а потоа Митрашиновиќ не реализира две слободни фрлања. За среќа, и Босанките не беа успешни, па Македонија славеше триумф.

Треба да знаете
Последни објави