Search

Алетернатива сè уште нема конкретен предлог за нивните позиции во Владата

Се уште немаме конкретен предлог на маса за нашите позиции во идната влада доколку би се формирала, рече денеска министерот за здравство Беким Сали одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Универзитетската клиника хируршки болести „Св.Наум Охридски“.

Министерот додаде дека доколку има проширување на мнозинството, сè уште немаат информација ниту кои се позициите кои Алијанса за Албанците ги има обезбедено и затоа, како што рече, „не можам да коментирам кои се нашите позиции“.

Инаку, на почетокот на февруари извори од Алијанса за Албанците (АА) за МИА информираа дека Министерството за правда заедно со Министерството за здравство остануваат едни од ресорите што целат да ги раководат.

Преговорите за влез АА во владината коалиција се при крај и најверојатно, како што најави вчера лидерот на партијата и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари ќе завршат до денеска.

Треба да знаете
Последни објави