Search

Унгарската претседателка Каталин Новак во посета на Скопје

Унгарската претседателка Каталин Новак денеска ќе престојува во официјална посета на земјава, соопшти Кабинетот на шефот на државата, Стево Пендаровски.

Според најавите, Новак ќе биде пречекана на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести од страна на нејзиниот домаќин Пендаровски, по што ќе следува тет-а-тет средба на двајцата претседатели и пленарен состанок на делегациите на двете земји.

Новак за време на престојот во Скопје ќе оствари средби и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот Димитар Ковачевски, а заедно со Пендаровски ќе се сретнат и со претставници на младински организации. 

Претседателите Пендаровски и Новак ќе положат и венци на гробот на Гоце Делчев црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Поради посетата на Новак, како што соопшти МВР, СВР Скопје – Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје. МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Треба да знаете
Последни објави