Search

Над 35 земјотреси ја стресоа Турција по двата разорни

Над 35 земјотреси се регистрирани во последните три часа по вториот разорен земјотрес од 7,5 степени, што ги погодија Турција и Сирија денес.

Најсилниот од нив е од 6 степени, забележан околу 12 часот напладне.

Десет последователни удари со умерен интензитет се регистрирани само во последниот час.

Првиот разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени се случи синоќа околу 4 часот по полноќ. Во земјотресите во Турција и Сирија, според последните податоци, загинаа најмалку 1.500 лица.

Во моментот се води потрага по преживеани среде урнатините на паднатите згради.

Треба да знаете
Последни објави