Search

Ердоган: Западните мисии  „ќе платат“ за затворањето на конзулатите во Турција

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека западните дипломатски претставништва „ќе платат“ за минатонеделното издавање безбедносни предупредувања и привремено затворање на конзулатите во земјата, додека полицијата соопшти дека нема сериозна закана за странците откако 15 осомничени беа приведени поради поврзаност со Исламска држава.

Анкара на 2 февруари ги повика амбасадорите на голем број западни земји на разговори за да ги критикува нивните одлуки за привремено затворање на дипломатските претставништва и издавање предупредувања.

Според турските власти западните земји, вклучително и Германија и САД, не доставиле податоци за да ги поткрепат нивните тврдења за безбедносна закана.

Пред некој ден, нашето Министерство за надворешни работи ги повика сите и им го даде потребниот ултиматум, велејќи им: Скапо ќе платите ако вака продолжи, изјави Ердоган на средбата со млади. 

Треба да знаете
Последни објави