Search

Макрон и Нетанјаху заедно ќе делуваат против Иран

Францускиот претседател Емануел Макрон и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одлучија заеднички да дејствуваат против Иран. Двајцата лидери синоќа имаа заедничка вечера и разговараа за многу регионални теми, со посебен осврт на Иран и Палестина, јавува Анадолија.

Пренесувајќи ја загриженоста на Нетанјаху за моменталната ситуација на палестинските територии, Макрон потсети дека треба да се избегнуваат активности кои ќе поттикнат насилство меѓу палестинските и израелските цивили, што доведува до загуба на човечки животи.

Потсетувајќи на посветеноста на Франција за историската статус кво ситуација со џамијата Ал Акса, Макрон му пренесе на Нетанјаху дека се противи на незаконските активности за населување, кои ги поткопуваат надежите за мир во регионот и „можноста за палестинска држава“ во иднина.

Макрон разговараше со Нетанјахи и за иранското нуклеарно прашање, истакнувајќи дека Иран треба да биде транспарентен во својата нуклеарна програма и предупреди дека во спротивно ќе има неизбежни последици.

Двајцата лидери изразија загриженост поради дестабилизирачките активности на Иран во регионот.

Макрон потсети дека иранската поддршка на руската агресија врз Украина оваа земја ќе ја изложи на нови санкции.

Макрон и Нетанјаху одлучија да работат заедно против Иран и изразија желба за продлабочување на стратешкото партнерство меѓу нивните земји и зајакнување на билатералните односи на сите полиња.

Треба да знаете
Последни објави