Search

Спасовски: Дали на своите маршеви опозицијата добива ВИП-третман? Да не се шират шпекулации

Се направи дополнително подгревање на атмосферата од страна на радикали во Македонија и Бугарија, оцени министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во Сител телевизија, прашан за чествувањето на денот на рашањето на Гоце Делчев.

-Ваквите настани се плодна почва за нив, за да дојдат до израз нивните ставови. Тие се најгласни, но не значи дека се мнозинство. Мнозинството посакува достоинствена прослава, истакна Спасовски.

Тој кажа дека ак осакаме да сме на висината на задачата, полицијата мора да воспостави ред особено кога се крева тензијата. Тоа не е случај само за овој настан.

-Има државен протокол, секој што најавува делегација тоа секако дека ќе биде овозможено. Секој кој се пријавил дека ќе положи цвеќе, тоа ќе му биде овозможено, рече министерот.

Во однос на обвинувањата од опозицијата дека бугарските државјани ќе имаат „ВИП-третман“, Спасовски одговори:

-ВИП третмани не може да има за никого, ако опозицијата се движи како марш од нивната зграда до местото, како што имаме информации, ние тоа ќе го обезбедуваме. Дали тоа значи дека опозицијата добива ВИП третман?, праша Спасовски.

Според него, шпекулациите за дневно-политички цели не се во насока на намалување на тензии.

-Сите да се одговорни, особено партиите и политичарите, бидејќи тие најмногу ги креваат тензиите.. Некакви најави за ноќни стражи, за чување на црквата, на споменикот, нема потреба од такви активности. Опозицијата изнесува ставови во кои не веруваат. Нема политичка партија или било кој што ќе биде посилен од државата и тоа да им е јасно на сите. Не треба некој да се наведе на кривично дело, па потоа да се остават тие самите да се справуваат со законот, а ова е особен повик до екстремните групи, истакна министерот.

Тој кажа дека полицијата разговара со членови на навивачки групи, групи коишто се радикални и кои најавиле дека ќе го нарушат јавниот ред и мир.

Треба да знаете
Последни објави