Поранешен командант на Вагнер: Сакам да им се извинам на Украинците

Еден од поранешните команданти на руската платеничка група Вагнер, кој побегна во Норвешка, изјави за Ројтерс дека сака да се извини за учеството во борбите во Украина, додавајќи дека зборува за да помогне да се изведат сторителите на злосторството пред лицето на правдата.

Андреј Медведев, кој ја премина руско-норвешката граница на 13 јануари, вели дека бил сведок на убиства и малтретирање на руски затвореници кои се бореле против Украинците во редовите на Вагнер.

Тврди дека границата ја поминал така што се качил преку ограда со бодликава жица и избегнувајќи гранични патроли со кучиња. Тој наведува дека слушнал пукање од граничари додека трчал низ шумата и преку замрзнатата река на границата меѓу Русија и Норвешка.

26-годишниот Медведев сега бара азил во Норвешка.

„Многумина ме сметаат за криминалец и убиец. Најпрво сакам да им се извинам на Украинците. Иако не знам како ќе биде прифатено, сакам да кажам дека ми е жал“, изјави тој за Ројтерс.

Треба да знаете
Последни објави