Search

Јунајтед со рутинска победа над Нотингем го завери финалето во Лига-купот

Манчестер јунајтед ќе игра против Њукасл во финалето на Лига-купот на Англија, откако вечерва „црвените ѓаволи“ рутински го заверија пласманот во мечот за трофеј, со втора победа против Ногингем форест, сега со 2-0.

Дека Јунајтед ќе игра финале јасно беше по првиот меч минатата недела откако триумфираа со 3-0, па само формално на својот „Олд Трафорд“ сега требаше да го заверат пласманот, а вториот триумф против „шумарите“ го обезбедија во последните 17 минути после две асистенции на Маркус Рашфорд.

Англискиот репрезентативец кој игра како препороден, прво му асистираше на Ентони Марсијал за водство во 73-та минута, а потоа и на Бразилецот Фред три минути потоа за да се завери победата и финалето.

Последната титула на која ѝ се радуваа „ѓаволите“ беше онаа во Лигата на Европа освоена со Жозе Мурињо во 2017 година. Оттогаш немаат донесено трофеј во своите витрини, а Лига Купот ќе биде идеална шанса за такво нешто.

Битката за трофејот во третото по ранг натпреварување на Островот е на 26 февруари од 17.30 часот.

Треба да знаете
Последни објави