Search

Претседателот на Бразил го разреши началникот на Генералштабот на Армијата

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва го разреши  началникот на Генералштабот на армијата Хулио Сезар де Аруда, две недели по упадот на приврзаниците на екстремната десница во државните институции во Бразил.

Локалните медиуми јавија дека Аруда бил привремено на позицијата началник од 30 декември, два дена пред крајот на мандатот на екстремно десничарскиот претседател Жаир Болсонаро.

Неговата позиција беше потврдена на почетокот на јануари од новата влада на левичарскиот претседател.

Засега не се наведуваат причините за смената.

Бразилската телевизија Глобоњуз јави дека нов началник ќе биде командантот Томаш Рибеиро Паива, кој неодамна изјави дека армијата ќе продолжи да ја гарантира демократијата во државата.

Треба да знаете
Последни објави