Search

Јувентус ќе добие и тригодишна суспензија од УЕФА?

Jувентус вчера и официјално беше казнет од страна италијанските судови поради финансиските малверзации. На клубот експресно му беа одземени 15 бодови и со 22 сега „старата дама“ се наоѓа на 10-тата позиција на табелата.

Се уште Јувентус не ги изгубил шансите за излез во Лигата на шампионите и тоа ќе биде главната цел до крајот на сезоната. Лацио кој во овој момент е на четвртата позиција има 12 бодови повеќе од Јувентус. Меѓутоа дури и Јувентус да дојде до таа позиција може да не биде дел од најелитното европско натпреварување.

Одредени медиуми веќе шпекулираат дека одземените бодови во Серија А може да не бидат единствената казна.

Наводно УЕФА веќе ја разгледува опцијата да го казни Јувентус со три години суспензија од европските натпреварувања (Лига на шампиони, Лига Европа, Конференциска лига).

Тука се додава и лошиот однос на првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин со поранешниот претседател на Јувентус, Андреа Ањели поради обидот за формирање на Суперлига.

Треба да знаете
Последни објави