Search

Шпанската полиција откри три тона кокаин на товарен брод кај Канарските острови

Шпанските власти заплениле три тона кокаин на товарен брод во грчка сопственост во близина на Канарските Острови.

Бродот „Блуме“ бил пресретнат во вторник, на 17 јануари, на 360 километри од пристаништето Санта Круз де Тенерифе, јавуваат локалните медиуми.

Бродот пловел под знамето на Того, а испловил од бразилското пристаниште Сантос на 20 декември. Неговата дестинација беше Рига, Латвија.

Се проценува дека вредноста на дрогата на црниот пазар е 180 милиони евра.

Во соопштението на шпанската поморска служба се наведува дека сите членови на екипажот се уапсени.

Треба да знаете
Последни објави