Search

Во лавината на Тибет животот го загубија 28 лица

Најмалку 28 лица загинаа во лавина во градот Нингчи, во југозападниот регион на Тибет.

Спасувачката работа на местото е завршена, а локалните власти ангажирале вкупно 1.348 луѓе и 236 парчиња опрема за ископување на 7,5 километарскиот премин, пишува Ројтерс.

Пронајдени се 53 преживеани, од кои пет се тешко повредени, објави Глобал тајмс, цитирајќи претставник на локалната власт во западниот кинески регион.

Лавината, предизвикана од силни ветрови и топење, се случи на дел од стрмниот пат во областа Доксонг Ла, планина во округот Мејнлинг, во вторникот.

Треба да знаете
Последни објави