Search

Ѓоковиќ за повредата: Воопшто не е добро

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја прокоментира состојбата со повредата на мускулот која го мачи уште од турнирот во Аделаида.

На денешниот меч против Енцо Куако во второто коло на Австралија опен, кој го доби со 3:1 во сетови, Новак сериозно го мачеше повредата на мускулот и беше очигледно дека не се движи најдобро, особено во вториот сет.

Сепак, тој успеа да ја надмине болката и да победи, а по мечот откри во каква состојба е повредата моментно.

„Да бидам искрен, тоа воопшто не е добро. Но, одам ден по ден, се чувствував подобро на последниот меч отколку денес, и тоа е сѐ што можам да кажам. Сега е до Бога, физиотерапевтите и сите останати да ми помогнат. Се надевам дека ќе успеам да се опоравам за следниот меч“, изјави Ѓоковиќ за „Евроспорт“.

Негов противник во третото коло е Бугаринот Григор Димитров.

Треба да знаете
Последни објави