Search

Египет рутински победи, Германија ја понижи Аргентина

Египет и Германија останаа максимални и направија нов чекор поблизу до четвртфинале на 28-то Светско првенство после денешните победи на стартот на другите две групи во главната групна фаза.

Германија дојде до максималните шест бода откако ја понижи Аргентина во денешниот попладневен меч со ???, во кој Гола, Горецки и Мертенс беа предводници со по пет гола.

Воопшто немаше ни грам неизвесност на пресметката зашто од почеток направија предност од пет гола предност (9-4) и потоа само ја зголемуваа разликата која до полувреме се искачи на плус 13 (24-11), а во вториот дел германската одбрана беше непробојна дозволувајќи и на „гладијаторите“ само осум гола за 30 минути, па го завршија мечот со огромни плус 20 (39-19).

Мартинез со пет и Симонет со четири беа најефикасни кај Аргентина, која во групата останува брз бод, како и Катар, додека вечерва колото ќе го затворат Норвешка и Србија во пресметката. Норвежаните имаат 4 бода од два меча, колку и Холанѓаните од три, а Србија е на два бода.

Египет рутински ја победи Белгија со 33-28, меч кој беше решен до полувреме кога „фараоните“ заминаа на пауза од седум разлика (22-15), иако имаа и плус девет пред крајот на првиот дел (20-11), па во вториот дел без премногу замарање само го одработеа мечот беа премногу да се уморат и да ја задржат свежината, дозволувајќи ѝ на Белгија да се избори за поднослив пораз од само пет разлика.

Рамадан даде седум, Ел Дера шест, а Зејн пет кај Египет, додека Данеси со девет беше најефикасен кај Белгија.

Во оваа група, вечерва е дербито Данска – Хрватска во меч на кој светскиот првак бара нови бодови за да остане максимален, а „каубоите“ да останат во битка за четвртфиналето. Данска има четири бода од два меча, колку и Бахреин од три меча, Хрватска е на два бода од два меча, а Белгија и САД се без бодови.

Треба да знаете
Последни објави