Search

Тупанчевски: Со разрешувањето на директорот на Управата за извршување санкции не е завршена работата

Министерот за правда, Никола Тупанчевски во вечерашната Топ Тема на Телма не ја исклучи можноста истрагата за бегството на затвореникот Беким Мемети да резултира со уште разрешувања на директори, меѓу кои и на директорот на затворот „Идризово“, Шпенд Тахири. На вчерашната седница, владата веќе го разреши директорот на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски, а според Тупанчевски се разгледувале сите варијанти за барање одговорност по вертикална линија.

Запрашан дали владата оценила дека одговорноста на Тахири е помала од таа на Спасовски, Тупанчевски тврди дека не станува збор за оценување на поголема или помала одговорност, затоа што одговорноста би требало да биде по вертикална линија, од првиот до последниот, а тоа треба да го покаже истрагата.

Според него, нема сомнеж дека бегството на Мемети било добро организирана акција, која побарува исто толку добро организирана реакција од страна на државните органи.

Треба да знаете
Последни објави