Загина на ист начин како и нејзиниот сопруг пред 16 години

Копилотот на соборениот непалски авион, Ању Кативада, го загуби сопругот во авионска несреќа што се случи во 2006 година, јавува „Би-Би-Си“.

Таа беше копилот на авионот АТР-72 на „Jeti Airlines“ кој се урна во неделата во близина на градот Покара, во Непал, неколку минути пред слетувањето.

Се верува дека сите 72 патници и членови на екипажот загинале во несреќата, откако 70 тела се извлечени, а спасувачите трагаат по уште две лица кои се уште се водат како исчезнати.

Нејзиниот сопруг Дипак Покрел, исто така, почина како копилот на „Jeti Airlines“ во 2006 година, а токму поради него таа одлучи да се занимава со авијација, јавува „Би-Би-Си“.

„Таа беше одлучна жена која се бореше за своите соништа, како и за соништата на нејзиниот сопруг“, изјави еден од членовите на нејзиното семејство.

Дипак бил во пилотската кабина на мал авион кој летал за градот Џумла во западниот дел на Непал, кога се урна и изгоре во јуни 2006 година, при што загинале девет лица во него.

Сè уште не е познато што ја предизвикало неделната авионска несреќа во Непал, најлошата во последните 30 години, што предизвика дебата за безбедноста на воздухопловството во земјата, каде што стотици луѓе загинаа во изминатите децении.

Треба да знаете
Последни објави