За Ахмети создавање алијанса за Европа една од причините за влез на АА во Владата

Обидот за влез на Алијансата на Албанците во Владата, претседателот на ДУИ Али Ахмети го објаснува со проширување на мнозинство и создавање на алијанса за Европа.

-Мислам дека парламентарното мнозинство е стабилно, но има еден поопширен и поперспективен пристап, значи да се прошири тоа мнозинство и да се создаде една алијанса за Европа, изјави денеска Ахмети.

Прашан стабилноста на парламентарното мнозинство во контекст на огнената група и пратениците од ДУИ, Амети вели дека тоа (разговорите со АА) нема никаква врска со огнената група.

Треба да знаете
Последни објави