Search

Приведен разбојник во Кочани

Полициски службеници од ОВР Кочани денеска го лишиле од слобода Т.Р. од Кочани, осомничен дека извршил кривично дело „разбојништво”.

Во 00.40 часот во ОВР Кочани З.Ш.(60) од Кочани пријавил дека на 15.01.2023 околу 22.10 часот пред продажен објект во Кочани, Т.Р. со употреба на сила ѝ одзел торба со мобилен телефон, пари и други предмети.

Како што соопштија денеска од МВР, во координација со Основното јавно обвинителство Кочани, од страна на полициски службеници од ОВР Кочани осомничениот е веднаш пронајден, приведен и задржан во просториите на ОВР Кочани.

По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава.

Треба да знаете
Последни објави