Црногорците во финишот загубија од Шпанците, Исланд подобар од Португалија

Шпанија дојде до првиот триумф на Мундијалот, совладувајќи ја селекцијата на Црна Гора, потешко од очекувањата со 30-25. Отпорот на Црногорците беше скршен во финишот, кога Шпанците влегоа во серија и така дојдоа до првиот триумф. Црна Гора имаше предност на стартот, а Шпанија полека стигнуваше, и на крајот го презеде водството и на полувреме замина со +3. Црна Гора се обиде да се врати, едно време дојде до два, но во финишот „фуријата“ имаше повеќе сила за да триумфира.

Најефикасен на теренот беше Одриозола кој постигна шест погодоци, а Фернандез пет. Кај Црна Гора Вујовиќ постигна седум, но недоволно да се избегне поразот.

Одличен натпревар одиграа Исланд и Португалија, во која фаворитот, селекцијата на Исланд славеше триумф со 30-26. И овој меч беше решен во финишот, откако на полувремето беше нерешено. Во последните мигови поконцентрирани Исланѓаните, кои предводени од Елисон, кој даде девет гола, славеа триумф.

Во третиот меч вечерва Шведска ја совлада селекцијата на Бразил. Швеѓаните на полувреме имаа само +2, додека во вториот дел само ја зголемуваа предноста за на крајот конечен триумф.

ГРУПА А
Чиле – Иран 23:24 (11:13)
Шпанија – Црна Гора 30:25 (15:12)
ГРУПА Б
Саудиска Арабија – Словенија 19:33 (8:16)
ГРУПА Ц
Кабо Верде – Уругвај 33:25 (17:11)
Шведска – Бразил 26:18 (11:9)
ГРУПА Д
Унгарија – Јужна Кореја 35:27 (21:11)
Португалија – Исланд 26:30 (15:15)

Треба да знаете
Последни објави