Вујовиќ среќно до триумф на Иран над Чиле, Словенците и Унгарците без мака на почетокот на СП

Репрезентациите на Словенија и Унгарија стигнаа до очекувани победи во своите први мечеви од Светското првенство во ракомет, додека најнеизвесно беше на необичната пресметка помеѓу Чиле и Иран, која азиската репрезентација ја доби со одличен пресврт.

Словенија, која се наоѓа во тешката група со Полска и Франција, со 33:19 ја декласираше репрезентацијата на Саудиска Арабија во очекуван триумф, а релативно лесна задача имаа и Унгарците, кои со 35:27 беа подобори од Јужна Кореја во првиот меч од групата Д, каде што се и Португалија и Исланд.

Кабо Верде (Зеленортски острови) стигнаа до 33:25 победа над Уругвај, додека најинтересно беше на натпреварот на кој Иран надополни четири гола разлика во последните три минути за победа над Чиле.

Избраниците на Веселин Вујовиќ долго време водеа, имаа неколку плус тројки, но упорните Јужноамериканци првата предност ја остварија кон средината на вториот дел (18:17).

На неполни 10 минути до крајот се случи една несекојдневна ситуација – кога Чиле постигна гол за 21:20, Вујовиќ му порача на својот играч да го притисне копчето за тајм-аут, што беше забрането.

Судиите од БиХ, Амар и Дино Коњичанин, ја прегледаа снимката, ги исклучија Момахареза Ораеи, а потоа и Афшин Садеги, што бројчано посилниот ривал го искористи за водство од 23:20.

Иран сепак направи пресврт на 24:23, најмногу благодарение на одличниот голман Мохамад Сијавоши, кој одбрани седмерец на 23:23, а потоа и удар на Себастијан Себаљос.

Чилеанците израмнија, Мохамад Бенамни погоди за 25:24 на 29 секунди до крајот, па Сијавоси стана апсолутен херој и го одбрани 17-от удар, овојпат цицер од десното крило на Лусијан Скарамељи, со што ја сочува победата на Иран.

ГРУПА А
Чиле – Иран 23:24 (11:13)
Шпанија – Црна Гора 20.30 ч.
ГРУПА Б
Саудиска Арабија – Словенија 19:33 (8:16)
ГРУПА Ц
Кабо Верде – Уругвај 33:25 (17:11)
Шведска – Бразил 20.30 ч.
ГРУПА Д
Унгарија – Јужна Кореја 35:27 (21:11)
Португалија – Исланд 20.30 ч.

Треба да знаете
Последни објави