Брат (7) и сестра (8) каснати од лилјак- починале за десет дена

Осумгодишно девојче почина во болница од последици на беснило откако го каснало лилјак. Нејзиниот седумгодишен брат починал десет дена порано од истата болест.

Трагедијата што се случи во Мексико го шокираше светот. Лекарите со денови се бореа за животот на момчето кое почина на 28 декември, а дури кога беше извршена обдукцијата откриле дека има беснило.

Додека момчето се лекувало, тестовите не покажале дека има беснило, додека лошата болест веднаш била откриена кај неговата сестра, но немало начин да се спаси.

Инаку, се се случувало во планинско село во Мексико каде децата биле со дедо им кога ги каснал лилјак. Животното ја каснало и нивната помала сестра која има 2 години, но таа се чувствува добро.

„Девојката е примена во болница на 21 декември. Имала здравствени проблеми предизвикани од каснување од лилјак. Веднаш по приемот, лекарите констатирале дека е во тешка здравствена состојба. Цело време додека престојувала во болница, лекарите внимателно ја следеа нејзината состојба, но се здоби со повреди од кои, за жал, не успеавме да ја излечиме“, се вели во соопштението на болницата, а пренесува британски Мирор.

Како што понатаму се наведува, надлежните го обвинуваат семејството што не реагирало навреме и веднаш не побарало лекарска помош.

Треба да знаете
Последни објави