Симиќ нов тренер Академија ФМП

Поранешниот тренер на Работнички, Тони Симиќ е нов стратег на кошаркарскиот прволигаш Академија ФМП. Станува збор за тренер кој своето прволигашко искуство го започна во екипата на Работнички, каде што помина и голем дел од својата играчка кариера.

– Пред се благодарност до управата на клубот за укажаната доверба, да бидам нов тренер на Навико Академија ФМП. Не чека доста работа во периодот кој следува и мислам дека овој тим има потенцијал за подобри резултати од моменталните, со одредени промени во играчкиот кадар. Оптимист сум како и секогаш, со напорна работа и максимална посветеност на сите во клубот, резултатите ќе дојдат сами по себе на крајот, изјави Симиќ.

Клубот се заблагодарува на досегашниот тренер Николче Божиноски за постигнатите успеси и истиот останува дел од ФМП и од стручниот штаб со изменета улога од досегашната.

Треба да знаете
Последни објави