Роналдо само гледач, навивачите го извикуваа неговото име

Новото огромно засилување за саудискиот Ал-Наср, Кристијано Роналдо, можеше само да биде гледач додека неговиот нов тим играше против Ал-Таи во меч од Саудиската Про лига, чекајќи го своето деби поради проблеми со регистрацијата и отслужувањето на суспензијата од два меча од англиската Фудбалска асоцијација.

Роналдо беше претставен како нов играч на Ал-Наср во вторникот, но 37-годишниот Португалец уште не регистриран бидејќи Ал-Наср имаат осум странци, максимален број на дозволени од страна на саудиската лига.

Се очекува дебито на Роналдо да биде на 19 јануари, кога Најдобрите 11 од Саудиската лига ќе се сретнат со Пари Сен-Жермен (со неговиот вечен ривал Лео Меси во составот) во Ријад купот.

Треба да знаете
Последни објави