Последната желба на Вијали-погребот далеку од очите на јавноста

Погребот на Џанлука Вијали ќе се одржи во Лондон во следните неколку дена, на строго приватна церемонија. Исто така, нема да биде објавен ниту датумот кога ќе се одржи.

Одлуката ја донесе самиот Џанлука Вијали, кој – како и неговото семејство – секогаш се држеше подалеку од центарот на вниманието.

Сепак, веројатно во наредните месеци, можеби на крајот на првенството, ќе се организира јавна церемонија во Кремона, градот во Ломбардија во кој е роден Виали, клубот (Кремонезе) во кој ја започна својата кариера.

Треба да знаете
Последни објави