Search

Тајна клаузула го носи Роналдо во Лигата на шампиони

Европa се прости од Кристијано Роналдо, кој потпиша нереален договор со Ал Наср од Саудиска Арабија и се зборуваше дека неговата мисија на Стариот континент е завршена. Но…

Според медиумите од Блискиот Исток, Кристијано Роналдо би можел да стане фудбалер на Њукасл.

Имено, неговиот договор со Ал Наср содржи интересна клаузула: Доколку Њукасл заврши меѓу четирите најдобри во англиската Премиер лига и се пласира во Лигата на шампионите, Роналдо ќе ги засили „страчките“ како позајмен играч. И тоа не е толку чудно, бидејќи двата клуба имаат ист сопственик и сето тоа е интересно обмислено.

Денеска Њукасл е на третото место во лигата, по некомплетна табела и има опипливи шанси, доколку продолжи вака, да стигне до европската елита. И тогаш CR7 ќе пристигне да помогне.

Роналдо вечерва треба да пристигне во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, кој ќе биде негов дом во наредните две и пол години. Освен ако не оди во Њукасл…

Португалецот потпишал договор на две и пол години, ќе заработи повеќе од 200.000.000 евра, што е сума досега невидена во историјата на фудбалот.

Треба да знаете
Последни објави