Search

Роналдо ќе биде претставен пред 30.000 луѓе, влезниците чинат четири долари

Новиот играч на Ал Наср, Португалецот Кристијано Роналдо, во вторник официјално ќе биде претставен како ново засилување на клубот од Саудиска Арабија.

Роналдо на 30. декември потпиша договор со Ал Наср до јуни 2025 година, според кој ќе заработува 200 милиони евра годишно.

Локалните медиуми јавуваат дека во Ријад се прават последните подготовки за претставувањето на Роналдо.

Португалецот официјално ќе биде претставен во вторник на стадионот „Мрсол Парк“ во Ријад, а се очекуваат околу 30.000 навивачи.

Кристијано е на пат за Ријад, а цената на билетите за овој настан е „само“ околу четири долари.

Своето деби за новиот клуб Роналдо би требало да го има на 5. јануари на мечот против Ал Тае.

Ал Наср моментално е на првото место на табелата со 26 бодови.

Треба да знаете
Последни објави