Search

Резников: Русија наскоро ќе ги затвори границите и ќе подготви нова мобилизација

Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников (Олексиј) изјави дека руското раководство можеби подготвува нова наредба за мобилизација и дека може да ги затвори границите во следните седум дена.

По тој повод со видео им се обрати на руските граѓани. Зборувајќи руски, тој ги предупреди луѓето кои би можеле да бидат подобни за мобилизација.

– Точно знам дека ви остануваат уште седум дена пред да имате избор. На почетокот на јануари руските власти ќе ги затворат границите за мажите, ќе прогласат вонредна состојба и ќе започнат нов бран на мобилизација. Границите ќе бидат затворени и во Белорусија – рече Резников.

Министерот предупреди дека Русите кои живеат во градовите ќе бидат особено изложени на ризик.

Шефот на украинското разузнавање Кирил Буданов за Би-Би-Си изјави дека новата руска наредба за мобилизација ќе започне на 5 јануари,пренесе Аваз.ба.

Треба да знаете
Последни објави