Search

Нема повредени во потонатиот сплав во Белград

Нема повредени во ноќешната несреќа на познатиот белградски сплав „Фристајлер“, кој до половина потона синоќа за време на новогодишната ноќ. Очевидци на драмата што се случила во популарниот клуб велат дека водата почнала да надоаѓа десет минути по полноќ, но дека на почетокот не разбрале што се случува. Кога сплавот се навалил, почнала паниката и стампедото кон излезот.

-Дојдов синоќа околу 23 часот, гостуваше Реља. Ја дочекавме Новата година, по 10 минути почна паниката. Луѓето скокаа, паничеа. Никој не знаеше што се случува. Поплавата започна поради големиот број луѓе во задниот дел на сплавот. Настана општа паника. Имаше само еден излез. На почетокот не ни беше јасно дека се работи за поплава. Веднаш се виде дека има и повредени, дојдоа полиција и пожарникари, бараа и некои луѓе кои наводно скокнале, изјави очевидец.

Вели дека утрово се вратил за да ја земе јакната која била оставена во посебна просторија на сплавот, бидејќи синоќа не можел да дојде до неа поради општиот хаос.

Според надлежните, инцидентот се случил бидејќи сплавот бил преполн со посетители, односно имало три пати повеќе гости од дозволениот број.

Треба да знаете
Последни објави