Search

Кид: Од Дончиќ сакам да видам 70 поени на меч само со пет дриблинзи

Словенечката суперѕвезда во НБА постави рекорд на крајот на 2022 година со 225 поени и по 50 скокови и асистенции на послендите пет меча, откако синоќа даде 51 поен во победата во тексашкото дерби, како надополнување на претходните два брилјантни мечеви со по над 50 коша, пред сѐ тој со рекордните 60 поени, 21 скок и 10 асистенции против Њујорк Никс.

Дончиќ со оваа серија сега изби на првото место со просекот од 34,2 поени по меч, а четврти е по асистенции (8,9) и по украдени топки (1,7), а лидер по број на трипл-дабл учиноци (8). И сега тренерот на Далас Маверикс, Џејсон Кид посакува да го види Дончиќ во издание „а ла Клеј Томпсон“.

Томпсон еднаш даде 60 поени, а само 11 пати ја тапна топката на паркетот за време на мечот.

„Кога на некого вака добро му оди, се прашуваш дали треба нешто да смениш или само да му се тргнеш од патот. Но, сакаш постојано да бите со таков учинок, но ако може без премногу дриблинзи и трошење, примени удари. После тој меч против Њујорк сакам да го видам во издание како Клеј. Да има пет дриблинзи, а да даде 70 поени. Тоа е следен чекор, да разбере како да ја разбие противничката одбрана, без многу да го оптеретува телото“, рече Кид.

Треба да знаете
Последни објави