Search

Градоначалникот Дука во посета на дежурните служби во Дебар

Дебарскиот градоначалник, Хекуран Дука, ја продолжи традицијата, на новогодишната ноќ да ги посети, како што ги нарекува хероите, кои се грижат за нашата безбедност и здравје.

Дука со дел од своите соработници ги посети Општата болница со проширена дејност, Територијалната противпожарна единица, Полициската станица од општа надлежност, граничните премини на македонско-албанската граница „Блато” и „Џепиште”, како и дежурната стражарска служба на општината и на Јавното комунално претпријатие „Стандард”.

– Им посакав среќна Нова 2023 година на нашите херои кои во извршувањето на нивната задача, со многу пожртвуваност, се грижат за безбедноста на општината и здравјето на граѓаните. Пренесувајќи ја благодарноста од мое и од име на жителите на нашата општина им посакав добро здравје, среќа, благосостојба во семејствата, рече Дука, по посетата на дежурната екипа при Општата болница со проширена дејност.

Оцени дека сите итните служби се со висока професионална подготвеност да обезбедат ред, мир и неопходна здравствена услуга за граѓаните.

-Важно ни е да покажеме внимание кон луѓето коишто се на работа вечерта кога сите ние славиме, да им посакаме да имаат што помалку работа, да биде една мирна ноќ без потреба да интервенираат, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави