Search

Алвеш под истрага за сексуално насилство во ноќен клуб во Барселона

Бразилската фудбалска ѕвезда, Дани Алвеш е под истрага поради сексуално насилство кое се случило во ноќен клуб во Барселона.

Инцидентот се случил на 30 декември во ноќен клуб во Барселона, девојка пријавила кај обезбедувањето дека била сексуално нападната.

Шпанските медиуми пишуваат дека таа објаснила дека Дани Алвеш ја пикнал својата рака под нејзината долна облека. По што таа избегала и побарала помош од обезбедувањето. Поради тоа е покрената истрага против фудбалерот.

Од претставниците на Дани Алвеш ги негираат тврдењата на девојката. Според нив тој многу кратко време се задржал во клубот и за тој период ништо такво не се случило.

Треба да знаете
Последни објави