Search

Казнетиот Рашфорд му донесе победа на Јунајтед

Mаркус Рашфорд е херојот на Манчестер Јунајтед на денешното гостување против Вулверхемптон што „црвените ѓаволи“ го добија со минимални 0-1.

Англискиот репрезентативец беше казнет поради недисциплина од тренерот Тен Хаг и затоа не беше стартер, но тоа не му пречеше на Рашфорд да влезе во игра во вториот дел и да го постигне победничкиот погодок.

Де Хеа имаше неколку одлични интервенции и не дозволи „волците“ први да дојдат во водство, пред Рашфорд мајсторски да го матира Са по двојното додававање со Бруно Фернандеш. Рашфорд десетина минути подоцна постигна и втор гол, но истиот беше поништен со ВАР поради играње со рака на голгетерот на Јунајтед.

Во самиот финиш повторно блесна Де Хеа, кој одбрани опасен удар со глава во 93. минута, осигурувајќи ги трите бода за „црвените ѓаволи“ на овој натпревар.

Треба да знаете
Последни објави