Search

Арсенал со седум бода предност влегува во 2023 година пред Манчестер сити

Фудбалерите на Арсенал со победа на „Амекс“ стадионот во Брајтон, ставија крај на 2022 година. Арсенал го декласира Брајтон со 4:2. Играчите на Микел Артета во 2023 годна влегуваат како лидери на табелата со големи седум поени предност во однос на актуелниот шампион Манчестер сити.

Гол-шоуто на „Амкес“ го отвори Букајо Сака по само 64 секунди игра. Англискиот репрезентативец го постигна шестиот гол сезонава во Премиер лигата.

На полувреме „топџиите“ заминаа со предност од два гола. Мартин Одегард го постигна вториот гол во 39.минута.

Арсенал победата ја обезбеди на стартот од второто полувреме, Нкетија во 47.минута ја искористи лошата комуникација во одбраната на Брајтон.

Јапонецот Митома во 65.минута го намали резултатот на 1:3, но само шест минути подоцна Мартинели ја врати предноста на Арсенал од три гола.

Од тој момент Брајтон тргна во целосна офанзива, во 77.минута 18. годишниот Фергусон намали на 2:4, а во 89.минута поради милиметарски офсајд, ВАР го поништи голот на Митома.

Треба да знаете
Последни објави