Search

Криси му посака среќен роденден на сопругот Џон Леџенд со фотографии од неговото детство

Криси Тајген го слави својот сопруг Џон Леџенд на неговиот 44. роденден, пренесуваат американските таблоиди. Манекенката (37) во средата сподели три фотографии на Џон како мал, во чест на специјалниот ден. „Среќен роденден на најдобриот човек, те сакаме премногу!!!“ Криси напиша во објавата на својот Инстаграм профил.

Објавата содржи фотографии од мал Џон облечен во маица Мики Маус, еден портрет, и една од него како бебе.

Хитмејкерот (All of MeOrdinary People) на својот Инстаграм објави фотографии од поранешни роденденски прослави.

„Се чувствувам благодарно за уште една година. Ми се допаѓа звукот на 44. Чувствувам дека ќе биде посебна! Ви благодарам за сите убави желби! Имав прекрасна ноќ со моите најблиски. Мајлс заспа пред времето за сликање!“, напиша тој во објавата.

Треба да знаете
Последни објави