Search

Хајдук се пофали – има 90.480 членови!

Хрватскиот фудбалски гигант Хајдук веќе повеќе од една деценија живее во сенка на вечниот ривал, Динамо Загреб, но клубот од Сплит може да се пофали со својата верна навивачка „армија“, која сега достигна фантастична бројка за овие простори од 90.480 членови.

„Се наближува крајот на годината во која навивачите како никогаш досега застанаа зад Хајдук. Бројачот не застана додека не се нанижа на бројка од 90.480 (со зборови деведесет илјади четиристотини и осумдесет) членови. Навивачите го донесоа Хајдук до најдобрата сезона во последната деценија, а од членарината во клубот дојдоа повеќе од милион евра“, се вели во објавата на Хајдук.

Хајдук минатата сезона го освои Купот на Хрватска, нивен прв трофеј по девет години.

Треба да знаете
Последни објави