Search

Ѓоковиќ: Честитки за Хрватска за уште едно одлично првенство

Хрватска во вторник на стадионот Лусаил загуби од Аргентина во полуфиналната пресметка на Светското првенство, а в сабота (16 часот) ќе игра за третото место против поразениот од денешниот дуел меѓу Франција и Мароко.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ преку социјалните мрежи им честиташе на Дејан Ловрен и Лука Модриќ и на сите останати играчи на Хрватска за се што покажаа досега за време на Светското првенство во Катар.

-Честитки за овие момци и на целиот тим за уште едно големо првенство, напиша 35-годишниот тениски ас на својата инстаграм приказна со објавената фотографија на која се прегрнати Ловрен и Модриќ.

Треба да знаете
Последни објави