Search

Пред една деценија, Алварез се радуваше на фотката со Меси, а сега заедно го покоруваат светот

Лионел Меси асистираше, а Хулијан Алварез даваше голови на полуфиналниот фудбалски натпревар против Хрватска на Светското првенство во Катар, кој „гаучосите“ го добија убедливо со 3:0. Тие заедно ја одведoа Аргентина во финалето на Мундијалот каде вечерва го очекуваат ривалот од пресметката меѓу Франција и Мароко, против кого ќе се борат за „Златната божица“.

Пред десет години, младото момче Хулијан имаше огромна желба да се фотографира со неговиот идол Меси. Успеа да дојде до него и да добие фотографија за спомен.

Една деценија подоцна, тој го живее својот сон и игра заедно со Меси во репрезентацијата на Аргентина.

Треба да знаете
Последни објави