Енрике: Ниеден полуфиналист на СП не е подобар од Шпанија

Шпанија беше исфрлена од Мароко во осминафиналето на Светското првенство по лошо изведување пенали.

Неколку дена подоцна беше сменет шпанскиот селектор Луис Енрике, кој се очекуваше да ја води Шпанија до борба за медали. Луис Енрике преку Твич комуницираше со навивачите за време на Светското првенство, а вчера им понуди објаснување на споменатата платформа.

„Ми се чини дека пропуштивме голема шанса на овој турнир бидејќи гледајќи ги овие полуфиналисти, никој од нив не е подобар од нас. Прикажавме многу добро ниво на фудбал, освен оние 12 минути од вториот дел против Јапонија, а потоа имавме потешкотии со Мароко, но сепак ја преземам целата вина и одговорност за овој резултат, иако имаше позитивни работи“.

Хрватска и Аргентина вечерва ќе играат во полуфиналето на Светското првенство. Утре се играат натпреварите меѓу Франција и Мароко.

Треба да знаете
Последни објави