Search

Роналдо одби да тренира со резервните фудбалери

Кристијано Роналдо го пропушти денешниот тренинг на Португалија што го одработија играчите кои не беа во стартниот состав вчера против Швајцарија.

Наместо тоа, Португалецот инсистирал веднаш да започне со тренинзи во теретана, како и сите останати првотимци.

Да потсетиме, Португалија вчера ја декласира Швајцарија со 6:1 во осминафиналето, а Роналдо најголемиот дел од натпреварот го следеше од клупата за резерви. Наместо него, во врвот на нападот натпреварот го започна 21-годишниот напаѓач на Бенфика, Гонкало Рамос, кој постигна три гола и намести еден.

Како што пишува Марка, на Роналдо не му се допаднало тоа што на тој натпревар добил само нешто помалку од 20 минути, па протестирал веднаш по натпреварот, кога прв го напушти теренот и наместо да слави со соиграчите, отиде во соблекувалната.

Истите медиуми пренесуваат дека соиграчите на Роналдо биле шокирани кога виделе дека Португалецот ја игнорирал веќе воспоставената тренинг програма и решил да тренира со првиот тим. Засега не е познато како на тоа реагирал селекторот Фернандо Сантош, ниту како тоа ќе се одрази на шансите на Роналдо да стартува во првите 11 во четврт-финалето против Мароко.

Треба да знаете
Последни објави