Вооружени напаѓачи кои нападнаа џамија во северозападна Нигерија во саботата навечер, киднапирале 13 лица кои се молеа во богослужбата, соопшти синоќа локалната полиција.
Напаѓачите киднапирале 19 верници, го раниле имамот и уште еден верник, соопшти полицијата и додава дека успеала да ослободи шест верници, но 13 верници останале во рацете на напаѓачите.
Криминални банди дејствуваат во северозападна и централна Нигерија, каде што го тероризираат населението, напаѓаат и ограбуваат села и убиваат селани.
Овие вооружени групи, исто така, киднапираат луѓе за откуп, но ретко напаѓаат места за богослужба, туку повеќе се насочени кон училишта и патнички возила.