Search

Аргентина со доминантна игра обезбеди осминафинале, Полска е ривалот на Франција (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Аргентина ја совлада Полска (2-0) и дојде до билет за осминафиналето на Мундијалот во Катар.

Избраниците на Лионел Скалони беа доминатни на вечерашната пресметка на која упатија повеќе од 20 удари, Меси промаши пенал во првиот дел за да во вторите 45 минути Макалистер и Алварез донесат заслужен триумф на „гаучосите“.

Аргентина со ова го освои првото место и во осминафиналето ќе се соочи со Австралија.

Во вториот дуел Мексико ја доби Саудиска Арабија со 2-1, ама тој резултат не беше доволен за да се помине групната фаза. Мартин и Чавез погодија за Мексиканците, додека Ал Давсари стрелаше на спротивната страна.

Полска е втора во ова друштво и во нокаут рундата ќе игра со Франција.

Треба да знаете
Последни објави