Интер го сака Лукаку на позајмица уште една година

Интер бара од Челзи да му ја продолжи позајмицата на напаѓачот Ромелу Лукаку на уште една година

Според „Скај Италија” тимот од Серија А се надева дека ќе го задржи 29-годишниот фудбалер, но не се подготвени да трошат дополнителни пари на него, па ќе се обидат да го убедат Челзи да го остави на позајмица до летото 2024 година.

Лукаку оваа сезона одигра пет натпревари за Интер во сите натпреварувања, постигна два гола и една асистенција.

Миланезите го позајмија Белгиецот во летото 2022 година до крајот на актуелната сезона.

Треба да знаете
Последни објави