Search

Италијанецот Орсато суди на отворањето на Мундијалот

Италијанецот Даниеле Орсато ќе го суди првиот натпревар на Светското фудбалско првенство во Катар кое почнува утре, објави ФИФА.

Натпреварот меѓу домаќинот Катар и Еквадор ќе се игра на стадионот Ал Бајт со почеток во 17 часот.

Со своите 46 години Орсато е еден од најискусните судии на меѓународната сцена.

Со знакот на ФИФА суди од 2019 година, а на последното Европско првенство ја делеше правда на три натпревари.

На клупска сцена последен пат беше главен судија на дуелот од Лигата на шампиони меѓу Лајпциг и Реал Мадрид.

Треба да знаете
Последни објави